Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кинолошкото друштво „Кинолог“ во сабота ќе организира Меѓународна изложба на расни кучиња, која ќе се одржи на терените на градскиот кеј во Куманово.
Изложбата се организра по трет пат, а ќе започне во 10 часот. Расните кучиња ќе ги оценуваат меѓународно реномирани судии од Македонија, Србија и Азербејџан, а за прв пат во Македонија ќе суди и судија од Соединетите Американски Држави.
За најуспешните учесници се предвидени награди и пехари.
Покрај тоа, ќе се одржи и државна специјализирана изложба за расата кавкаски овчар, во организација на Македонскиот клуб за кавкаски овчар, на која се очекува учество на бројни излагачи од земјава, регионот и повеќе европски држави.
За пријави и дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на телефонскиот број 075 306 108 или на официјалната Фејсбук-страница Кинолошко друштво Кинолог Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk