Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, утре со почеток во 19:30 часот, ќе биде отворена втората Меѓународна изложба на уметничка фотографија „Мотус 2025“.
Изложбата ја организира Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности – МОТУС од Куманово, преку својот Фото-клуб.
На изложбата ќе бидат претставени околу педесет фотографии, а учество зеле 249 автори од 50 земји ширум светот.
Изложбата е финансиски поддржана од Општина Куманово преку Програмата за поддршка на културни манифестации за 2025 година, а се одржува под патронат на Меѓународната федерација на фотографска уметност, Фото-сојузот на Македонија и Меѓународната фото асоцијација „Дунав“.
Изложбата ќе биде отворена за посетители до 17 јануари 2026 година.
2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk