Меморијален марш Појак Калман

24.09.2014 09:16 | KumanovoNews

Здружение спортско планинарски клуб “Козјак“ на 5 и 6 октомври ќе го организира 16 - от по ред меморијален марш Појак Калман.

Меморијален марш Појак Калман

Планинарите од село Арбанашко ќе тргнат кон врвот Перен 1326 м, највисок врв на Козјак. Откако ќе се искачат на врвот, тие преку местото викано Езера ќе продолжат кон планинарски дом Длабочица каде на учесниците ќе им бидат доделени благодарници. На вториот ден од маршот планинарите од Длабочица преку местото Караула ќе се вратат во Арбанашко.

Маршот се организира за да му се оддаде почит на поранешниот планинар и основач на “Козјак“, Појак Калман.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk