Меморијален турнир во мал фудбал во „Перо Наков“

26.10.2017 14:18 | KumanovoNews

Младите од СДСМ Куманово, викендов по шестти пат ќе го организираат традиционалниот турнир во мал фудбал во чест на нивниот прерано починат сопартиец,  Мартин Симоновски-Матрикс.

Меморијален турнир во мал фудбал во „Перо Наков“

Натпреварите ќе се одиграат во салата на СОУ „Перо Наков“. Рокот за пријавување на екипите е до утре до 17 часот, во просториите на СДСМ Куманово во поранешната зграда на Комитет или на телефонскиот број 077/585-800. Турнирот ќе биде отворен во сабота во 11 часот, а истиот ден ќе бидат одиграни натпреварите за трето место и финалниот натпревар“, - изјави Мартин Захариев, портпарол на СДММ Куманово.

Организаторите ги покануваат граѓаните да присуствуваат на турнирот и да му оддадат почит на прерано згаснатиот живот на нашиот другар Мартин Симоновски Матрикс.

Најдобрите ќе добијат пехари, медали и фудбалски топки. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk