Меморијална вечер за “Виолета Деур“

24.10.2014 08:57 | KumanovoNews

Здружението на жени “Нада Михајлова“ и литературениот клуб “Обденица“ организира меморијална вечер за нивната некогашна членка “Виолета Деур“.

Меморијална вечер за “Виолета Деур“

За Виолета ќе зборуваат нејзините соработници и блиски пријатели, а ќе бидат прочитани и пораки на луѓе кои ја познавале, а сега живеат во Белград, Америка.

Виолета Деур била почесен претседател на “Нада Михајлова“ и долгогодишен директор на Пионерски дом.

 Манифестацијата ќе се одржи во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, денеска во 18 часот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk