Менса Македонија организира тестирање во Куманово

15.11.2019 06:02 | KumanovoNews

Во Средното училиште „Перо Наков“ - Куманово, денеска во 18 часот ќе се одржи тестирање на општа интелигенција, заради прием на нови членови.

Менса Македонија организира тестирање во Куманово

Кандидатите е потребно да имаат полни 16 години и да уплатат 300 денари на сметка или лице место.

Тестирањето се одвива со стандардизирани тестови за интелигенција на Mensa International® и резултатите се тајни. Доколку вашиот резултат е во горните 2% од светската популација, стекнувате право да станете член на Менса Македонија, а со тоа и на Mensa International®.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk