„Мерцедес“ извлечен од Липковско езеро

22.03.2010 10:25 | KumanovoNews

 Автомобил “мерцедес“ вчера бил изваден од водите на Липковското езеро, откако полицајци од полициската станица во Матејче го виделе како пропаѓа во езерото.

„Мерцедес“ извлечен од Липковско езеро

 Полицајците го забележале автомобилот во 1,50 часот по полноќ како пропаѓа и се задржал на длабочина од две до три метри. Утрото автомобилот е извлечен од водата и било утврдено е дека  се работи за “мерцедес“ на НЛБ Лизинг од Скопје.

Автомобилот бил празен, а полицајците не забележале никој во близина додека пропаѓал во водата.

Од СВР Куманово, работата на откривање на околностите, како автомобилот се нашол во езерото, поради што е предаден за вештачење.  Се претпоставува дека мерцедесот  го користеле лица кои се занимавале со нелегални активности.



Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk