Мерење на бучава во градот

11.09.2015 14:38 | KumanovoNews

До крајот на септември ќе се мери бучава во градот, информираат од Центарот за јавно здравје Куманово.

Мерење на бучава во градот

Бучава се мери на десет мерни места, крстосници во градот, локации утврдени од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Се мери бучава четири пати во денот. Се мери во 10 , во 12, по 19 и по 23 часот за да биде опфатена целодневна бучава. Потоа се обработуваат податоци и добиваме слика за тоа каква е состојбата во тој период со бучавата во градот, односно бучава во надворешна средина. Важен е ефектот од таа бучава, колку се перципира во домот, на работното место - рече Мимоза Величковски од Центарот за јавно здравје Куманово.

Континуирано во Куманово мерењата покажуваат дека има зголемена бучава. Бучавата се мери два пати годишно, во пролет и на есен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk