„Мерион Травел“ со богата туристичка понуда за празникот на жената

30.01.2017 11:37 | KumanovoNews

Туристичката агенција “Мерион Tравел“, со богата туристичка понуда во странство, по повод Денот на жената - 8 Март.

„Мерион Травел“ со богата туристичка понуда за празникот на жената

На програмата се повеќе европски метрополи и егзотични дестинации.

„Веќе се изработени програмите за Барселона, Берлин, Дубаи, Тајланд и другите подалечни дестинации. Исто така изработени се програмите за европските земји: Италија, Фиренца,  Милано, Рим, Венција, Германија, Минхен и Дворците на Баварија, Швајцарија, потоа Прага, Виена, Будимпешта, Атина, Метеори, Белград, Будва, Дубровник. Цените се пристапни, почнувајќи од 60 евра па нагоре. Зависно од превозот, за колку дневен аранжман се работи и според услугите што се нудат. Нема разлика во цените во однос на минатата година, дури некои и се попристапни од лани, - изјави Мери Миновски, сопственичка на „Мерион травел„.

Патувањето до Метеори во Грција чини 60 евра, Белград и Будва со посета на Дубровник со две ноќевања  се 90 евра. Агенцијата организира и еднодневна посета на Врање со свечена вечера во ресторанот А2 по цена од 1100 денари со вклучен превоз.

Миновска додава дека најмногу интерес има за поблиските дестинации, бидејќи празникот се паѓа на средина на неделата, но има заинтересирани и за патување и на подалечните и егзотични дестинации.

Повеќе информации можат да се добијат на телефон 031/419-146 или во самата агенција на улица Ленинова бр. 30.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk