„Мерион-травел“ со ексклузивни понуди за летување

16.06.2018 08:24 | KumanovoNews

Туристичката агенција „Марион-травел“ од Куманово и годинава нуди ексклузивни и најевтини аранжмани за летување на најатрактивните дестинации.

„Мерион-травел“ со ексклузивни понуди за летување

Грција е најбарана дестинација за одмор поради близината, а најпопуларни цени за семејно сместување има во Ксамил, Албанија. Интерес за летување има и за останатите соседни земји, пред се за морски и планински туризам.

Нема некоја драстична разлика во однос на побарувачката од предходните години, така да најактуелни се Грција и Албанија, Бугарија и Турција со чартер летовите.  Имаме голем интерес и за лето на планина, со тоа што се бара Банско во Бугарија, Копаоник и Златибор во Србија, - изјави Мери Миновска сопственичка на „Мерион-травел“.

Од подалечните дестинации на програмата на агенцијата се Северен Кипар и Египет, а актуелна е и програмата „Лето за млади“.

- Во оваа понуда се Скијатос, Крф, Калитеа и Кефалонија. Имаме организирани тури со водич, со посета на плажи и организирана забава за младите, - додава Миновска.

Таа апелира до граѓаните да не чекаат во последен момент да резервираат, биде капацитетите на поатрактивните и поевтини дестинации се пополнуваат, особено во шпицот на сезоната јули и август. Граѓаните на одмор можат да заминат со организиран или сопствен превоз.

Во однос на цените во Грција, од агенцијата велат дека тие се движат во рамките на минатата сезона и нема некое драстично покачување.

Сите информации можете да ги добиете во агенцијата „Мерион-травел“ или на телефонските броеви: 031/419-146 и 077 60 88 88.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk