Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вработените во безбедносниот и здравствениот сектор, родители на деца до 10 години, нема да ја користат мерката за отусуство од работа поради корона вирусот.
- Во ваква ситуација здравствените и безбедносни институции т.е. војската, полиција и пожарната, мора да останат со полн капацитет. Доколку двајцата родители се од ваков тип ќе има дополнителни мерки,- рече министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.
Воедно, тој додаде и дека кога станува збор за хроничките болни и бремените жени, дека мерката веднаш стапува на сила.
Освен мерката за превенција од корона вирус која опфаќа отсуство на еден родител од работа, вчера беше донесена одлука и да се затворат сите воспитно-образовни установи на 14 дена, почнувајќи од градинките, основните, средните училишта и високото образование, како и сите научни институти.
Исто така во наредните 14 дена ќе се прекинат и сите вонучилишни активности или дополнителни програми како што се странски јазици или слично.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk