Месарите го прославија Свети Ранѓeл

21.11.2011 16:20 | KumanovoNews

Месарите од градот денеска го прославија верскиот празник Свети Архангел Михаил, кој се смета за заштитник на нивната професија.

Месарите го прославија Свети Ранѓeл

Традиционално како и секоја година, сопствениците на погони за преработка на месо и масарските дуќани, организираа свечености за своите вработени и пријателите.

Како во секоја друга работа така и ние како стопанственици се соочуваме со голем број проблеми од организација на самиот процес на производство до производство на сигурна и безбедна храна. Но на овој ден оставаме се настрана, забораваме на сите проблеми и го прославуваме празникот како што е редот. Месната индустрија е доста сериозна работа бидејќи се однесува на производство на храна, и затоа завзема битен дел како гранка во стопанството-вели Најден Бајдевски, сопственик на кланицата БДА компани од Куманово.

Во Куманово има десетина поголеми регистрирани преработувачи на месо, а многу  повеќе самостојни месарски дуќани. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk