Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Група кумановци, спровеле акција за чистење на сметот во трговскиот центар во населбата „Гоце Делчев“.
При тоа ги собрале расфрланите игли и шприцеви што ги употребуваат зависниците од наркотични сретства.
Трговскиот центар со години е запуштен и затрпан со ѓубре, а секојдневно тука поминуваат ученици од основното училиште „Кочо Рацин“ и деца од градинката. Младите кумановци, кои слушаат метал музика и имаат свој бенд во една од просториите секојдневно имаат проби.
По акцијата, на Фејсбук го напишале следново:
Металци за град Куманово
Депонија од игле у трговски карши градинку куде што дневно пројдев миљон деца е исчистена од нас. Мож ќе ви галамимо тамо, ама бар деца нема Сиду ни Хепатит да ви фатив.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk