Мицкоски: Правото и правдата ќе дојдат на петти мај

03.05.2019 08:34 | KumanovoNews

 Правото и правдата ќе дојдат на петти мај, порача синоќа лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на средбата со жителите на кумановската населба „Карпош”.

Мицкоски: Правото и правдата ќе дојдат на петти мај

Кога ќе дојде Влада предводена од ВМРО ДПМНЕ, рече тој, ќе го направат сето она што општината не го направила во оваа населба, а и било обврска.

 Лидерот на ВМРО ДПМНЕ рече дека за време на кампањата поминалe повеќе од 10.000 километри, дека имале повеќе од 150 митинзи, настани, средби, разговарале со илјадници граѓани.

Маката е голема, луѓето мачно живеат. И често пати покрај критиката кон овие политички измамници кои ветуваат живот, а пекол донесоа, знаат да не искритукуваат и за нашите грешки од минатото. Никогаш не водев, ниту ќе водам алиби политика и секоја грешка ја прифраќам на себе и барам прошка и затоа се извинувам, - рече Мицскоски.

Тој побара можност да покажат дека се различни од сегашаните и додаде дека во првиот круг победиле во 47 општини, а во вториот ќе победат во повеќе од 50 општини. Рече дека признава битка со дела, политики, проекти, но дека не може да помине преку непринципиенли притисоци и повтори дека на петти мај ќе победи Силјановска.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk