Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Четириесетина мигранти, изминативе два дена избегале од транзитниот центар Табановце.
Тие го искористиле моментот додека немало струја во центарот и се оддалечиле во непознат правец. Ова не е првпта да побегне некој од мигрантите но не во толкав број, велат оние кои останале. Тие се жалат што неможат да го продолжат патот понатаму.
„25 дена сум во кампот и не сакам да се вратам назад. Ние изгубивме се што имаме, сакаме да живееме мирен и безбеден живот во Германија. Ги оправдувам оние кои што побегнаа бидејќи сите сме очајни. Сите оние кои што имаат пари се обидуваат да заминат оттука“,- изјави мигрант од Авганистан
Над 400 мигранти претежно од Сирија четврти ден се во шатори во меѓуграничниот појас на македонско-српската граница. Поради лошито време и обилните врнежи се жалат дека повеќето од нив се болни бидејќи, спијат во мокри шатори. Тие се надеваат дека ќе извршат притисок и Србија ќе ги пропушти да го продолжат патот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk