Мигранти најдени во возило на струмичанец кај Искрин мост

17.07.2018 15:03 | KumanovoNews

Осумнаесет мигранти од Авганистан и Пакистан, најдени се синоќа во 23.40 часот, во автомобил на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, кај „Искрин мост“.

Мигранти најдени во возило на струмичанец кај Искрин мост

Патничкото моторно возило „Фиат Скудо“ со струмички регистерски таблици е сопственост на З.З.(27) од Струмица.

Мигрантите се пренесени во Секторот за внатрешни работи Куманово за понатамошна постапка. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk