Мигранти откриени во камион на влезот во Куманово

15.02.2020 10:59 | KumanovoNews

 Во камион со гостиварски таблички синоќа во 20.50 часот полицијата пронашла мигранти од Авганистан, Сирија и Пакистан.

Мигранти откриени во камион на влезот во Куманово

На автопатот Скопје - Куманово, поточно кај клучката за Куманово, полициски службеници од Мобилна единица на граничната полиција од слобода го лишиле Х.К.(21) од с.Рашче, скопско, затоа што во товарното возило „цитроен“, со гостиварски регистарски ознаки, што го управувал, биле пронајдени 31 лице - мигранти, од кои 21 - државјани на Пакистан, 4 - државјани на Сирија и 6 - државјани на Авганистан.

Х.К. бил приведен во СВР Куманово за понатамошна постапка, а мигрантите се сместени во Транзитен центар Табановце. По целосно документирање на случајот, против Х.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk