Мигранти се криеле во напуштените објекти на свињарската фарма во Речица

26.03.2022 22:04 | Сузана Николиќ

Во напуштени објекти на поранешна свињарска фарма во с.Речица, синоќа од 22.40 до 23.30 часот, полициски службеници пронашле 23 лица мигранти од Пакистан. 

Мигранти се криеле во напуштените објекти на свињарската фарма во Речица

На автопатот Граничен премин Табановце – Куманово и на стариот пат од Куманово кон с.Сопот, во с.Долно Којнаре, кумановско, полициските службеници забележале како мигрантите излегуваат од три возила, кои претходно не застанале на даден знак за запирање. 

Мигрантите биле предадени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка, а по целосно расчистување и  документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.  

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk