Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ние во Куманово знаеме што значи да бидеш негиран, оти нас секако не нарекувале низ историјата, а ние најдобро знаеме што значи да бидеш Македонец во Куманово, - вака актерот Тони Михајловски го започна своето обраќање пред своите сограѓани на синоќешната трибина на Граѓанското здружение за одбрана на Македонија во Кумановскиот театар.
Тоа е света обврска, тоа е тешка борба која ја добивме и не успејаа да не поништат и нема да не поништат. Затоа што не се плашиме. Тие се уплашени од нас, од македонштината што ја носиме. Уплашени се од подготвеноста дека секој момент можеме да застанеме на браникот на сопствената држава, не размислувајќи дали ќе го дадеме животот за оваа земја, затоа што за нас повредно од животот е Македонија. За нив нешто повредно од Македонија е да дојдат на власт. Во Куманово 27 години се истите дупки по улиците, истиот стар театар. Овој град е буквално, заробен од нив. Немаат со што да се пофалат освен со предавство и кукавичлук, - додаде Михајловски.
Политичкиот аналитичар Александар Пандов смета дека кумановци не знаеле да направат избор на изборите, но кога се работело за одбрана на татковината застанувале во првите редови.
Според Предраг Петрушевски - Бинго, состојбата во државата потсетува на онаа пред конфликтот во 2001 година, и затоа бранителите даваат подршка на ГЗСМ и македонските безбедносни сили, и доколу затреба подготвени се повторно да излезат во одбрана на својата земја.
На трибината говореа и историчарката Виолета Ачковска, професорот Александар Климовски, новинарот Миленко Неделковски и актерот Петар Темелковски, кои ја нагласија потребата за одбрана на државата од странскиот и домашен непријател.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk