Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Миле Андоновски од Партијата на пензионерите од денеска е нов член во Советот на Општина Куманово. Тој доаѓа на местото на Мартин Захариев од СДСМ, кој поднесе оставка поради преселба во странство.
Андоновски денеска положи заклетва во Советот, откако верификационата комисија утврди дека има уредно и врз основа на закон донесено уверение за негов избор од Општинската изборна комисија.
Миле Андоновски е дипломиран правник, целиот работен век го поминал во МВР, а од пензионирањето е политички активен во Партијата на пензионери, каде ја извршува функцијата потпрестедател. Тој беше член на Советот и во претходниот состав.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk