Милена Спасовска прва во својата струка банкарски техничар

04.12.2015 14:24 | KumanovoNews

Милена Спасовска, матурантка во „Перо Наков“ освои прво место на државниот натпревар “Лидер во својата струка“ кој се одржа во Гевгелија.

Милена Спасовска прва во својата струка банкарски техничар

Во теоретски и практичен дел ученичката беше најдобра, во конкуренција на ученици од цела Македонија.

Како ментор ова многу значи за мене и за училиштето. Тоа е резултат на учењето на ученичката и на сите наставници кои што предаваат во овој образовен профил во рамкиите на училиштето. Ова е успех за сите нас, за целото училиште и на директорката која не поддржа во овој проект. Ние за прв пат учествуваме во рамките на овој проект, а инаку се реализира втора година  по ред - вели Гордана Стојановска, професор по економски предмети.

Стојановска се надева дека следната година ќе учествуваат со повеќе ученици и ќе освојат повеќе награди.

Ученичката Спасовска вели дека наградата не била очекувана, а се подготвувала околу 3 недели.

Конкуренцијата беше доста голема и затоа не можев да знам кое место ќе го освојам. Порака до младите е да се пријавуваат на натпреварите, затоа што никогаш не се знае и секој труд се исплати - кажа ученичката.

Бидејќи е матурантка, таа го направила изборот и своето образование ќе го продолжи на Економскиот факултет.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk