Милица Кузмановска на “Рома труба фест“

10.09.2013 15:01 | KumanovoNews

 Утревечер на Градскиот плоштад Куманово во 19 часот ќе започне осмиот по ред „Рома труба фест 2013„.

Милица Кузмановска на “Рома труба фест“

Фестивалот ќе го отвори фолк-пејачката Милица Кузмановска која ќе ја отпее химната на Ромите „Џелем, Џелем„.

 Специјални гости на вечерта ќе бидат Милица Кузмановска и Христијан Азировиќ  од Бојник, Србија, кој е овогодишен победник на Гуча 2013. Програмата ќе трае три часа а ќе се натпреваруваат најквалитетните оркестри од земјва и регионот. Се надевам дека публиката ќе ужива во звуците на трубата како и предходните години.- вели Самет Салиовски, уметнички директор на фестивалот.

На манифестацијата ќе учествуваат оркестрите: “ Џамбо Агушеви“ и “Млади Агушеви“ од Струмица, “Левис“ од Виница, “Уска Кан Кантуров“ од Берово, “Сергин Дурмишев“ од Штип. Гости на вечерта ќе бидат пејачот Нино Величковски, Феруз Мустафов, и најдобриот трубач од Џамбо Агушеви. Од Србија доаѓаат гостите : оркестар “Бојан Ристиќ“ од Владичин Хан и оркестар “Елвис Бајрамовиќ“ од Бојник.

Оркестрите ќе се натпреваруваат за избор на најдобар тапанар, трубист, тубист, баритонист и најдобар оркестар.

Организатор на настанот е Ансамблот на народни ромски игри и песни “Рушит Шакир“ Куманово, а покровители се градоначалникот и Советот на Општина Куманово.

                                                   (фото архива)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk