Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Младиот фудбалер Милош Станојковиќ, веќе месец дена е дел од фудбалскиот клуб “Ловќен“ од Цетиње, Црна Гора.
Тој е презадоволен од новиот ангажман и се надева дека ќе напредува во кариерата.
Со клубот стапив во контакт преку мои пријатели. Бев на проба, ме видоа и ме примија. Се работи за прволигашки клуб, се надевам на добра заработка, успешна кариера и да ми се отвори патот за Европа - вели Станојковиќ.
Станојковиќ играл во клубовите “Чукарички“ од Белград, “Пирин“ од Бугарија, „Силекс“ од Кратово, “Мио спорт“ од Куманово и “Башкими“.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk