Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во 2021 година бележиме намалување бројот на жртви во сообракајот за 25 отсто споредбено со претходната година, односно за разлика од 2020 година кога на подрачје на овој сектор имало 8 жртви при случени сообраќајни незгоди, во 2021 година овој број изнесуваше 6, велат од СВР Куманово.
Оттаму додаваат дека во првото тромесечје од 2022 година на подрачјето на Крива Паланка и Кратово немало ниту една жртва во сообраќајна незгода, исто како и во април во Куманово.
„Упатуваме благодарност до граѓаните и до сите учесници во сообраќајот кои со своето однесување даваат придонес за поголема безбедност, која е во интерес на сите. Тоа е наша заедничка одговорност и сите заеднички мораме да го подигнеме нивото на сообраќајна култура, а како министерство тоа го правиме секојдневно, како преку превентивните, така и преку репресивните мерки спрема прекршителите на сообраќајните правила и прописи“, соопштуваат од СВР Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk