Минатиот месец два пати запленети лекови на Табановце

05.11.2015 09:59 | KumanovoNews

Минатиот месец на граничниот премин Табановце во два наврати се запленети лекови.

Минатиот месец два пати запленети лекови на Табановце

При контрола на автомобил со германски привремени таблички, управуван од германски државјанин со регулиран привремен престој во Скопје, пријавен за влез во државата, мобилните царински тимови, открија 68 кутии различни лекови. Лековите биле сместени во патна торба во багажникот на возилото и сокриени во просторот за резервна гума. Во овој случај против пријавениот беше поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење.

Во другиот случај во македонски автомобил, управуван од македонски државјанин и пријавен за влез во државата, во ќеси сокриени под возачкото и на совозачкото седиште, царинските службеници открија додатоци во исхраната и тоа 100 паковки по 20 таблети.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk