Минералната вода од дел од чешмите во Проевце се уште не е за пиење

04.09.2024 19:29 | KumanovoNews

Природно минералната вода од дел од чешмите во село Проевце се уште не е безбедна за пиење. Резултатите и од последните анализи на водата што ги направиле екипи од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Куманово повторно покажале присуство на истата бактерија.

Минералната вода од дел од чешмите во Проевце се уште не е за пиење

„На 22 август имавме позитивен резултат и тоа со присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosа, во големиот чеп и водата беше неисправна за пиење. После тоа земавме повторно вода за анализа и цевките ги обгоревме со пламен и повторно имавме присуство на истата бактерија.  На 27. август земавме по трет пат вода за анализа од двата чепа, повторно се докажа присуство на истата бактерија. Со оглед на настанатата ситуација ние контактиравме со надлежните во општината и ги информирав што треба да се преземе за да се квалитетот на вода подобри. Наша препорака е водата да не се консумира за пиење, се додека не добиеме исправни резултати и апелираме до граѓаните да ја одржуваат хигиената околу чешмите“, изјави д-р Бедри Велиу, раководител на одделение за хигиена со здравствена екологија.

Се работи за плочкеста бактерија, високо отпорна на антибиотици, која може да развие бронхопнеумонија, инфекции на уринарниот тракт, гастроинтестинални тегоби и инфекции на кожата и слузокожата кај чувствителните и имуно- компромитирани пациенти. Поради резистеност на можната терапија лекувањето може да биде долготрајно.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk