Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На иницијатива на Локалниот економско-социјален совет при Општина Куманово, а по доставените барања од производители на месната индустрија во Куманово до Владата, вицепремиерот задолжен за економски прашања и инвестиции Фатмир Битиќи се сретна со претставниците на месна индустрија во Куманово.
На состанокот присуствуваа првите луѓе и менеџерите на фабриките: „Екстра Меин“, „Гроздановски”, „БДА”, „Никси”,„Корнер” и „Гоки”, како и градоначалникот Максим Димитриевски.
На средбата било дискутирано за проблемот со недостаток на суровина за нормално одвивање на процесот на производство, кое се набавува од странстките пазари, како и укинатите квотите за увоз на свинско месо.
„На конструктивната средба, на вицепремиерот Битиќи му беа презентирани проблемите, со кои се соочуваат кумановските производители на месо, на која беше дадено ветување дека ќе се направат напори со вистински заложби за решавање на постоечките препреки, со цел да може непречено да продолжи производствениот процес на месната индустрија“, рече Димитриевски.
Тој исто така посочи дека околу една третина од месната индустрија во државата е во Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk