Министерот Филипче во посета на Кумановската болница

17.05.2018 10:06 | KumanovoNews

 Денеска во посета на Општата болница Куманово престојуваше министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот Филипче во посета на Кумановската болница

Заедно со директорката Снежана Захариева и раководството направиле обиколка на одделенијата за хирургија, гинекологија, детска клиника, интерно одделение и физикална медицина и рехабилитација.

„За време на посетата се дискутираше за предизвиците со кои се соочуваат во Општата болница Куманово, се истакнаа приоритетите во решавање на актуелните проблеми со недостиг од кадар и опрема, и се дискутираше за изградба на нов објект каде приоритетно би се сместила физикална медицина и рехабилитација. Општата болница во Куманово има квалитетен и стручен кадар кои работат со голема волја, ентузијазам и грижа за пациентите.Заеднички ќе продолжиме да работиме на подобрување на капацитетите и условите за работа се со една единствена цел, подобри здравствени услуги за сите граѓани“, - објави министерот по посетата на Куманово.

 Директорката Захариева потврди дека  при работната посета на министерот било разговарано за состојбите во болницата и проблемите со кои се соочуваат.

Го запознавме министерот со ресурсите кои ги располагаме и со услугите што ги даваме во Североисточниот регион. Посетатата беше на обострано задоволство, и со здружени сили во иднина ќе изнаоѓаме решенија за сите проблеми со кои се соочуваме, - изјави Захариева.

Ова е прва посета на министерот Филипче на Кумановската болница.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk