Министерот Филипче во посета на Кумановската болница

07.04.2020 12:32 | KumanovoNews

 Министерот за здравство Венко Филипче денеска ја посети болницата во Куманово за да направи увид во работењето и капацитетите. На состанокот со менаџментот тој потврди дека болницата работи непречено и дека организацијата на работата е добра.

Министерот Филипче во посета на Кумановската болница

- Откако 18 вработени се дијагностицирано со Ковид-19, направена е реорганизација на работата и сега болницата работи непречено. Од пред неколку денови во поддршка на вработените на инфективното оделение дојдоа двајца лекари од Штип и од Скопје со што капацитетите се задоволени, -соопштуваат од кабинетот на министерот.

Во кумановската болница има вкупно 700 вработени и покрај 18 кои се заболени од Ковид нема друг персонал кој е во самоизолација. Директорката на болницата го информираше министерот дека располага со сосема доволен број на заштитна опрема и истата се надополнува постојано. Министерството за здравство продолжува интензивно да ја следи состојбата во Куманово и доколку има потреба од дополнителна поддршка во однос на ресурси итно ќе реагира.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk