Министерот Манчевски се сретна со деканите на „Еуро Колеџ“ и „Лондон Метрополитен“

27.02.2019 10:09 | KumanovoNews

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, во рамките на работната посета на Лондон, одржа работен состанок со претставници од „Еуро Колеџот“ од Куманово и Универзитетот „Лондон Метрополитен“.

Министерот Манчевски се сретна со деканите на „Еуро Колеџ“ и „Лондон Метрополитен“

 Како што информираат од Министерството за информатичко општество и администрација, за време на посетата, Деканот на Факултетот за Компјутерски науки, Винс Харги, како и други професори од областа на ИКТ и сајбер безбедност ги претставија образовните програми, како и истражувачкиот центар во рамките на универзитетот. Деканот Харги ја истакна важноста од соработката на академската заедница, приватниот сектор и јавните институции.

Министерот Манчевски се осврна на важноста од зајакнување на капацитетите за сајбер безбедност, особено развојот на дигитални вештини и квалитетно образование. Улогата на Владата во однос на соработката помеѓу „Еуро“ Колеџ и „Лондон Метрополитен“ е поддршка и отворањето на вратите на македонските студенти кон престижните британски програми.

Оваа иницијатива е уште една потврда за заложбата ма МИОА во развојот на дигитално општество, и остварување на баланс помеѓу академските програми и барањата на пазарот на труд.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk