Министерот Шапуриќ во посета на кумановски фирми

08.05.2018 08:12 | KumanovoNews

Министерот без ресор Зоран Шапуриќ, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, вчера посети две чевлaрски фирми и кланица, а се сретна и со градоначалникот на Куманово.

Министерот Шапуриќ во посета на кумановски фирми

При тоа ги промовираше новите мерки на Владата за субвенции за плата до 18.000 денари, а се запозна и со проблемите во чевларската и месната индустрија.

  „ Зборувавме за проблемите со кои се среќаваат, испаќањето на минималната плата, доцнења од државата на субвенции, како и воопшто нивниот производен процес и планови. Ме запознаа дека набавиле нови машини и дел најверојатно ќе ги искористат со новите мерки и догодина планираат нови инвестиции, но она што е посебно значајно и ме израдува дека имаат ориентација во иднина на работат и на сопствен бренд, што не е лесно во денешни услови“, - изјави министерот Шапуриќ.

Претседателката на Здруженоето на чевларски работници Лидија Милановска, се надева дека Владата ќе има слух за нивната индустрија и ќе работат заедно на решавање на проблеми.

„Министерот ги виде условите во кои што работиме, ги презентираше новите мерки со кои ние можеме да влеземе и ги искористиме. Му ги пренесовме проблемите кои се поврзани со нашата индустрија за можеме да соработуваме пошироко“, - изјави Милановска.

Посетата на министерот Шапуриќ заврши во Општина Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk