Министерот Спасов најави мерки за помош на сиромашните

22.04.2014 14:23 | KumanovoNews

Министерот за труд и социјална политика и кандидат за пратеник, Диме Спасов денеска ја посети населба Средорек и најави повеќе мерки за помош на социјално загрозените граѓани.

Министерот Спасов најави мерки за помош на сиромашните

Ќе се отворат повеќе народни кујни, социјалците бесплатно ќе ги легализираат дивоградбите, ќе има отпис на долговите за најсиромашните, ќе се зголеми социјалната и постојаната парична помош за 5 отсто годишно и друго.

За родителите на децата со пречки во развојот кои се во социјален ризик да го зголемиме надоместокот за 25 отсто. Дополнително предвидуваме за сите деца со Даунов синдром и оние со лесна попреченост воведување на посебен додаток. Планираме да го забрзаме и целосно да го олесниме процесот на легализација на дивоградбите за социјално ранливите категории на граѓани, односно оние кои немаат доволно средства бесплатно да ја завршат легализацијата и катастар бесплатно да им овозможи геодетски елаборат со кој ќе го завршат процесот на легализација на објектите во кои живеат - изјави Спасов.

Запленетата стока од царина ќе биде донирана на сиромашните, а ромските деца на трошок на државата ќе посетуваат градинка.

Загрозените граѓани ќе бидат ослободени од плаќање  на радиодифузна такса, а во интерес на граѓаните ќе се отворат дисперзирани канцеларии од центрите за социјални работи.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk