Министерот Спасовски испрати телеграма со сочуство до семејството на прегазениот полицаец

21.04.2019 15:33 | KumanovoNews

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска упати телеграма со сочувство до семејството на трагично загинатиот 37- годишен полициски службеник Виктор Цветковски од Куманово.

Министерот Спасовски испрати телеграма со сочуство до семејството на прегазениот полицаец

„Во овие тешки моменти заедно со Вас ја споделуваме болката за ненадоместливата загуба за еден млад живот. Министерството за внатрешни работи, колегите, загубија вреден и чесен другар, а Вие пак загубивте син, сопруг, татко, брат, пријател“, напиша меѓу другото Спасовски во телеграмата до семејството Цветковски.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk