Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерството за образование и наука информира дека сеуште не се одобрени плановите за одработување, односно надоместување на пропуштените наставни денови во дел од училиштата во земјата, каде што во изминатиот период имаше бојкот на наставата.
Тоа се однесува и на плановите кои ги изготвија и доставија училиштата од општина Куманово, каде што одлуката за одржување на настава во текот на утрешниот ден е иницијатива исклучиво на локалната самоуправа и на директорите на училиштата на нејзина територија. Во таа насока, апелираме до директорите и училишните раководства да се воздржат од самоиницијативност и носење на лични одлуки за одработување на пропуштените наставни денови, додека не добијат официјални насоки од Министерството за образование и наука, - се вели во соопштените што вечерва го испратија од Министерство за образование и наука.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk