Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерството за култура годинава ќе финансира повеќе од 50 културни настани и проекти во Куманово.
Во програмата за 2015 година државата ќе одвои пари за: меѓународниот театарскиот фестивал „Денови на комедија„, претставите "Гробишта на автомобили" и "Зад кулисите" на македонски и "Сите пороци" и "Револвер" на албански јазик. Во Центарот за култура "Трајко Прокопиев" ќе се одржи пијано рецитал на Елена Костовска, прослава на патронатот, пет изложби, две промоции, а во театарот ќе се реновираат санитарните јазли. Во кумановскиот музеј ќе се реновира покривот, ќе се организираат десетина изложби,ќе се реализираат 14 други проекти и ќе биде издадено списание за 50 години работа на музејот. Министерството ќе одвои средства за работа на ансамблот "Тоска" и за нивниот настап во Кина, настап на КУД "Панче Пешев" во Германија и во земјава, како и за набавка на носии и инструменти. И оваа година останува поддршката за "Рома труба фест" и ромскиот фолклорен фестивал "Јекипе единство", кој го организира здружението "Рушит Шакир". Во програмата се и Карадачки поетски средби, манифестацијата "Добредојдовте иселеници" организирана од здружението "Недела на албанската култура". ФКК "Козјак" ќе организира две изложби, а КУД "Српски вез" ќе ги презентира обичаите и традициите за Ѓурѓовден. Креативно артистичкиот центар "Талиа" ќе ја подготви претставата "Следниот". Боби Серафимовски ќе добие средства за издавање на цд. Пари министерството ќе одвои и за ревитализирање на манастирот "Св.Ѓорѓи" во Старо Нагоричане. Во објавената програма не е наведено колку средства ќе бидат потрошени за предвидените проекти.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk