Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ги одзеде надлежностите на Општина Куманово за управување со детската градинка.
Советот на Општината и градоначалникот Максим Димитриевски, една година нема да имаат влијание во работата на јавната детска установа „Ангел Шајче“, затоа што не ја почитувале постапката за распишување на оглас за директор. Решението во Кумановската локална самоуправа било донесено деновиве, а информацијата ја потврдија од Министерството за труд и социјална политика.
„Детската грижа и заштита се приоритет во работењето на Министерството за труд и социјална политика. Министерството за труд и социјална политика, поради непочитување на одредбите од Законот за заштита на децата од страна на Општина Куманово ги одзеде ингеренциите за управување со градинките“, - велат од МТСП.
Освен на Куманово ингеренциите по истата основа пред околу еден месец биле одземни и на Општина Струга.
„Одлуката за одземање на надлежностите е донесена откако при вршење на надзор на работата и кај двете општини беа утврдени недостатоци во именувањето, односно спроведувањето на постапката за распишување на оглас за директор на детски градинки. И покрај даденото укажување со утврден рок за отстранување на неправилностите градоначалници не постапија според нивните овластувaња, по што министерството постапи по членот 201 од Законот за заштита на децата и им ја одзеде надлежноста на период од 1 година. Во следниот период во овие две општини надлежностите утврдени со Законот за детска заштота ќе ги спроведува МТСП, - велат од МТСП.
Од Општина Куманово, велат дека сеуште немаат добиено никакво официјално известување и тврдат дека не се запознаени дека им се одземени надлежностите врз градинките.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk