Министерството за труд и социјална политика распиша оглас за 30 воспитувачки за колегијална поддршка

06.12.2018 15:18 | KumanovoNews

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) објави оглас за ангажирање на 30 воспитувачи за колегијална поддршка за подобрување на компетенциите на кадарот во градинките.

Министерството за труд и социјална политика распиша оглас за 30 воспитувачки за колегијална поддршка

 Oгласот ќе трае до 14 декември годинава, а можат да се пријават сите воспитувачи и педагози од детските градинки кои се заинтересирани за унапредување и подобрување на квалитетотот на раното учење и развој. Програмата ќе се спроведе во 7  градинки, и ќе бидат обучени 30 воспитувачи за колегијална поддршка.

Програмата за подобрување на квалитетот на раното учење и развој во установите за згрижување и вопситание на децата се спроведува за прв пат во Македонија. Главната цел  на програмата е дека безбедната околина во која растат и се развиваат децата не подразбира само безбедност на физичкиот простор туку и емотивно безбедна и сигурна околина која треба да ја обезбедат возрасните кои ги учат и поучуваат малите деца. За креирање на безбедна социјална средина потребни се знаења и вештини кои можат да ги подобрат и инклузивните практики во установите за деца, - информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Воспитувачите покрај критериумите пропишани во огласот треба да поседуваат ефективни комуникациски вештини, да сакаат да се усовршуваат и да помогнат за професионалниот развој на други колеги и соработници, да имаат одлични организациски способности и да знаат како да ги мотивираат и инспирираат.

Програмата се спроведува во соработка со УНИЦЕФ, а е поддржана од Британска амбасада.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk