Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Клиниката за психијатрија во Скопје отвори телефонски линии за психолошка поддршка на граѓани и ранливи групи, засегнати од коронавирусот.
Како што најави министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, психолошка помош ќе им биде понудена на повеќе групи на граѓани коишто имаат потреба.
- Психолошка поддршка родителите на деца на предучилишна и училишна возраст ќе можат да добијат на бројотт 072/912-676.
- Психолошка поддршка на возрасни лица во самоизолација може да се добие на бројот 072/919-009.
- Психолошка поддршка на граѓаните на општина Дебар и општина Центар Жупа, во соработка со Општа Болница Дебар на бројот 070/241-807
Исто така психолошка поддршка ќе им биде понудена и на хоспитализирани пациенти поради COVID-19.
Имено, како што информираат од Министерството за здравство, пациентите закажани во Мој термин за психолошко советување и психотерапија ќе бидат контактирани од страна на психолог и ќе се спроведуваат телефонски, со можност за видео врска на некоја од интернет мрежите (по договор).
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk