Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерот за локална самоуправа Лирим Шабани и министерот за животна средина, Нурхан Изаири денеска беа во посета на општина Куманово при што со градоначалникот, Зоран Дамјановски разговарале на повеќе теми.
На средбата станало збор за дислокација на Гимназијата “Сами Фрашери“ , чистење на речното корито на Липковка, локациии за изградба на градинка од Владата во 2016 година и кои ќе бидат позитивните ефекти од отварањето на економска зона близу Куманово, која Владата ја планира.
Ги искористивме министрите како влијателни во своите области. Разговаравме на 3-4 теми кои се од витално значење. Јас ја изразувам мојата голема благодарност за соработка која е во интерес на град Куманово, специфичен град по многу нешта, град на толеранција - вели Дамјановски.
Министерот Изаири рече дека на терен ги увиделе проблемите со кои се соочуваат граѓаните, посебно за регулација на речното корито на Липковка.
Општината следната недела по изготвувањето на решението од стручните екипи ќе објави јавен повик за изготвување на основен проект, тоест за изведба на истото, но во меѓувреме ние ќе направиме финансиска конструкција како ќе се изведува и како ќе се изгради во иднина - рече Изаири.
Министерот Шабани состанокот го оцени како конструктивен и кажа дека формирале комисија која ќе предложи решение за дислокација на 2500 ученици кои учат во просториите на ЗИК.
Ни беа прикажани неколку локации кои што се слободни за инвестиција на градинки и други објекти во општина Куманово. Тоа се совпаѓа со нашата одлука како општина Куманово која ја донесовме дека во 2016 година ќе изградиме градинки. Дискутиравме со градоначалникот за најдобрите можни локации и најбрзите решенија за да го оствариме тоа - изјави Шабани.
Шабани рече дека во општина Куманво ќе се гради слободна економска зона, што ќе има позитивно влијание.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk