Министрите Спасовски и Бочварски во работна посета на Куманово

02.12.2023 08:27 | KumanovoNews

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски ќе бидат во работна посета на Куманово. 

Министрите Спасовски и Бочварски во работна посета на Куманово

Посетата ќе започне околу пладне во СВР Куманово, една од  капиталните инвестиции на МВР – реконструираниот објект  на СВР Куманово, на чие подрачје се реализирани реконструкциите и на останатите полициски објекти

Работната посета на Куманово ќе продолжи на Железничка станица „Перо Чичо“, каде ќе се изврши увид во изградбата на пругата - делница Куманово -Бељаковце, како дел од Коридор 8.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk