Мирен протест во Куманово

18.04.2016 20:07 | KumanovoNews

Мирно и без инциденти помина протестот на невладините организации и граѓаните во Куманово, кои повеќе од еден час протестираа пред Основниот суд , против одлуката за аболиција на политичарите што ја донесе претседателот Ѓорѓе Иванов.

Мирен протест во Куманово

Со пароли „Смрт на фашизмот слобода на народот„, „Нема правда нема мир„,„Ние не ве аболицираме“,„Стоп на сваровски судството„, граѓаните дадоа подршка на Специјалното јавно обвинителство и побараа да се изведат пред суд сите што го прекршиле законот, независно од партиската припадност. Пред присутните се обратија повеќе активисти од невладини организации и граѓански здруженија.

„Се собравме овде за да побараме оставка од претседателот Ѓорѓе Иванов, којшто донесе одлука за аболиција на криминалци, кои предходно се бавеле со политика. Истоа така бараме да се одложат изборите за 5 јуни бидејќи сметаме дека не се создадени услови за фер и демократски избори. Протестот е граѓански, но не ни смета што добивме подршка и од политѕчките партии, а тоа значи дека тие се свесни за состојбата во којашто е државата. Протестите ќе продолжат секој ден во 19 часот“, - изјави Љуми Беќири, Граѓански иницијатива Протестирам.

Др. Мице Дудучки во името на сите слободоумни и слободомислечки кумановци на кои во срце им е демократијата и слободата, побара од актуелната власт да го почитува законот и Уставот во оваа земја.

„Сведоци сме на политички затвореници и на луѓе кои за ситни кривични или прекршочни кривични дела се во затвор. Станавме полициска држава, во кој нема владеење на правото. Правдата во Македонија не само што е слепа туку и глува. Ние сакаме да се создаде просперитетна проверопска Македонија, каде режимот не може да ги држи во заложништво граѓаните“, - изјави Дудучки.   

На граѓанската иницијатива Протестирам и дадоа подршка и членовите на СДСМ со коалиционите партии. Основниот суд Куманово го обезбедуваа голем број на полицајци. На протестот, според слободна проценка имаше околу 1500 граѓани. Контрапротест немаше.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk