Мирен протест во Куманово(галерија)

21.04.2016 19:27 | KumanovoNews

Трета вечер во Куманово се одржа протест во организација на граѓанската органзиација „Протестирам“,поддржан од опозициските партии и невладини организации.

Мирен протест во Куманово(галерија)

Протестот почна од пред Основниот суд, но и оваа вечер граѓаните се упатија по улиците од централното градско подрачје и скандираа „Оставка“ и „Нема аболиција“
Граѓаните со полициска придружба се упатија кон улицата „Гоце Делчев“,продолжија кон „Трета МУБ“,„Народна револуција“,„Доне Божинов“ и завршија повторно пред кумановскиот суд.

И оваа вечер протестот помина мирно, без какви било инциденти. Организаторите и за утре најавија нов протест.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk