Мирна новогодишна ноќ, без поголеми нарушувања

01.01.2021 21:29 | KumanovoNews

Новогодишната ноќ на територијата на целата држава помина во мирна атмосфера и без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир.

Мирна новогодишна ноќ, без поголеми нарушувања

На подрачјето на СВР Куманово нема регистрирано ниту едно кривично дело од вкупно 16 кривични дела, сторени на подрачјето на државата за време на новогодишната ноќ, - потенцираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој посочи дека делата се извршени во Тетово, вкупно 5, по 3 на подрачјето на Скопје, Струмица и Охрид, и по едно во Велес и Штип. Од нив 5 се за непостапување според здравствени прописи за време на епидемија при контрола на угостителски објекти, 3 за тешки кражби, 2 за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори и по едно за кражба, тешка телесна повреда, односно насилство и напад на службено лице при вршење на службена должност на работи од безбедноста, телесна повреда при семејно насилство и загрозување на безбедноста во сообраќајот.

Во периодот од 28.12.2020- 01.01.2021година, до 11 часот, на бесплатниот телефонски број добиени се вкупно 62 пријави од граѓани за нарушување на здравствените протоколи, а за време на новогодишната ноќ 22 јавувања од граѓани за организирани прослави.

Во заедничка засилена акција на МВР со Државниот пазарен инспекторат, во Скопје се контролирани 288 угостителски објекти и не се констатирани прекршоци до 4 часот по полноќ. Во текот на ноќта, пак, регистрирани се 8 прекршоци против јавниот мир и ред и 3 прекршоци за поголема група на луѓе затекната на лице место.

Може да констатирам дека имавме мирна новогодишна ноќ, иако пред нас стоеја предизвиците за непочитување на мерките од здравстевните протоколи. Им благодарам на сите, на граѓаните, медиумите и особено на полициските службеници за превентивното делување во зачувувањето на јавното здравје и безбедноста. Посакувам 2021 да биде година без пандемија и со здрави и среќни луѓе,- истака Спасовски.

(Ж.Ц.)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk