Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Мирно и без инциденти помина протестот на Албанците во Куманово, кои го искажаа својот револт против пресудите во случајот Монструм.
Протестот започна пред зградата на поранешен ЗИК, а колоната граѓани прошета низ улиците во централното градско подрачје и заврши пред Основниот суд Куманово. Таму беше прочитана декларација во која се бара поддршка од меѓународниот фактор за изречените пресуди во процесот „Монструм„ и пронаоѓање на вистинските виновници. Протестот беше следен од големо полициско обезбедување.
Во Куманово и пред два дена имаше повик на социјалните мрежи за протест, кој требаше да започне од пред градската џамија, но тогаш се собра помала група млади луѓе кои набргу се разотидоа.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk