Мирослав Костовски најсреќен во Св.Тројца

19.01.2010 15:24 | KumanovoNews

Мирослав Костовски (24)  беше најсреќен меѓу пeтнаестината момчиња што утринава се фрлија по крстот во водите во базенот на црквата „Света Троица“. Мирослав и претходните години за Водици скокал по осветениот крст, но верува дека  оваа година ќе биде посебно успешна за него и за неговото семејство.

Мирослав Костовски најсреќен во Св.Тројца

Многу сум среќен. Сметам дека фаќањето на крстот е божји благослов. Им посакавум на сите да им се случи истото и им порачувам на сите млади да учествуаат масовно во ваквите православни манифестации - изјави Мирослав.

Со фаќањето на крстот тој го добива и кумството за наредната година. Од црквата „Св.Троица“ доби подарок телевизор, златно синџирџе и крст.

По повод празникот Богојавленије - Водици утрово во Света Троица се одржа света литургија , а беше осветена и водата од која верниците си наполнија за здравје, мир и благосостојба.

Голем празник за нас православците. Многу ми е драго што вака масовно се прославува, а особено ме радуваат младите, кои ни големиот студ не ги спречи да скокаат во осветената вода по крстот - вели една повозрасна госпоѓа.

За христијанските верници, Водици е еден од најголемите христијански празници за што говори големиот број присутни верници во светите храмови.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk