Мирослав Шкоро атракција на Тамбурашки фестивал

19.08.2015 14:16 | KumanovoNews

Во петок на Градскиот плоштад кумановци ќе ги забавува Мирослав Шкоро со тамбурашкиот оркестар од Загреб, Хрватска, во рамки на 11-от по ред меѓународен Тамбурашки фестивал.

Мирослав Шкоро атракција на Тамбурашки фестивал

Истата вечер пред публиката ќе настапат  тамбураши и Нино Величковски, како и кумановските изведувачи Игор Васиљков и Мартинијан Кириловски, учесници на шоуто „Ѕвездите на Гранд“. Во саботата ќе настапат тамбурашките оркестри „Банат“ од Сегедин, Унгарија, „Ла Банда“ од Нови Сад, Србија и „Вапавски тамбураши“ од Вапава, Словенија.

Успеавме во овие 11 години со поддршка на градоначалникот на Куманово, со поддршка од советниците од Советот на општина Куманово да опстоиме и да овој фестивал биде навистина престижен фестивал во Македонија, да си го најде местото под сонцето. Да афирмира и нови тамбурашки состави и гости, преку 80-тина оркести од Југоисточна Европа, односно од бившите југословенски простори, да бидат гости во нашиот убав град - изјави Нино Величковски, директор на Фондација за култура и спорт.

Фестивалот го организираат Фондација за култура и спорт и секторот за култура и спорт при општина Куманово, под покровителство на градоначалникот и Советот. За реализација на фестивалот, општината ќе потроши 400.000 денари, а Министерството за култура годинава одвои 200.000 денари.

Главната атракција ќе биде Шкоро, ќе има познати брендови од Војводина, Унгарија, Словенија. Значи како и секоја година добри состави за ова тамбурашко доживување. Ова е ревијален фестивал, нема натпреварувачки карактер. Единаесет години традиција на еден фестивал кој значи и е единствен од таков вид во Република Македонија. По долги маки, година - две влеговме во програмата на Министерството за култура со симболична сума - рече градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски.

Од локалната самоуправа ги повикуваат кумановци и граѓаните од другите градови да присуствуваат на Меѓународниот тамбурашки фестивал, чија програма двата вечери почнува во 20.30 часот. На фестивалот поканети се повеќе амбасадори и угледни гости.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk