Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Мирослав Славковски да биде кандидат за градоначалник на Општина Старо Нагоричане од ВМРО-ДПМНЕ, одлучи Извршниот комитет на партијата.
Славковски изрази благодарност до претседателот Христијан Мицкоски за укажаната доверба да биде кандидат од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
„Целиот свој животен век сум дел од сите збиднувања и случувања заеднички со вас жителите на Општина Старо Нагоричане. Оваа доверба е воедно и моја одговорност пред сите вас заеднички да успееме и да оствариме историски убедлива победа на претстојните локални избори, по кои ќе имате човек кој ќе ги решава проблемите и кој постојано ќе биде достапен за секој ваш проблем. Оромна благодарност до сите упатени честитки кои многу ми значат и заеднички до убедлива победа“, напиша Славковски.
Славковски е вработен во Општина Старо Нагоричене, а живее во Младо Нагоричане.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk