Михајловски побара поддршка од граѓаните и ги повика да гласаат за иднината на Куманово

15.10.2021 16:26 | Сузана Николиќ

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Куманово, Тони Михајловски денеска преку видео-порака им порача на граѓаните дека во недела на 17 октомври се исправени пред голема и важна одлука за иднината на Куманово.

Михајловски побара поддршка од граѓаните и ги повика да гласаат за иднината на Куманово

„Одлуката е за тоа во какво Куманово сакаме да живееме ние, нашите деца и децата на нашите деца. Затоа, ве молам да излезете во што поголем број и да го слушате вашиот внатршен глас, гласот на вашето срце, на разумот и вашите реални потреби“, рече Михајловски.

 Тој додаде дека со заокружувањето на бројот 7 се заокружува победа, која на Куманово му е потребна и мора да му се случи, за да се реализираат реални проекти кои граѓаните ги заслужуваат.

„Затоа на 17-ти, излезете гордо, достоинствено со крената глава и одлучете што е подобро за вас, кажа Михајловски во видео-пораката. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk