Михајловски: Ќе понудиме решенија за подобро, поубаво, зелено, модерно и европско Куманово

27.09.2021 14:12 | Сузана Николиќ

Денеска започнува кампањата  за локални избори 2021, во оваа кампања им посакуваме среќа на сите учесници и им порачуваме дека треба да ги задржиме и угледот и честа и на себеси и на нашите противници, без навреди, без омаловажувања, туку со конкретни решенија да им понудиме подобра иднина на граѓаните. 

Михајловски: Ќе понудиме решенија за подобро, поубаво, зелено, модерно и европско Куманово

Ние во Куманово, ќе влеземе со добра програма, ќе дојдеме во секое населено место и ќе допреме до секој човек, ќе понудиме решенија за подобро, поубаво, зелено, модерно и европско Куманово, порача Тони Михајловски, кандидат за градоначалник на општина Куманово.

„Се надевам дека во оваа кампања ќе го изберете она што е подобро за нас, подобро за вас, подобро за вашите деца. Слушајте ги сите гласови овие денови, но најмногу слушајте го вашиот глас и знајте дека народот е среќен тогаш кога многу му се нуди, а малку му се бара. Ние сме бројот 7 и тој број се надевам дека ќе донесе среќа за Куманово и за граѓаните на Куманово. На 17-ти, драги мои заокружете го бројот 7 и верувајте оваа урнатина за нас ќе стане минато и првиот проект кој што ќе го направиме во Куманово ќе биде реновирање на Пионерскиот дом во Куманово и ставање на едно големо име како негов наслов, а тоа е Дом за креативни деца и младинци „Живко Пешевски“ во Куманово. Со среќа на сите“, истакна тој.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk