Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Паријата Левица на локалните избори ќе има свој кандидат за градоначалник и листа на советници во Куманово.
„За првпат ќе имаме кандидат за градоначалник, затоа што Куманово заслужува да има вистински левичарски градоначалник. Тоа ќе биде човек од урбаниот живот, млад кандидат кој нема политички багаж и неговата свежина како кандидат ќе биде најдобар избор за граѓаните на Куманово. Во ситуација кога ВМРО-ДПМНЕ нема свој кандидат, Максим Димитриевски е со сериозно разнишана доверба, а СДСМ понуди истрошен кандидат, реални се шансите нашиот кандидат да влезе во вториот круг. И со советничката листа очекуваме значаен број на советнички места во однос на минатите избори“, изјави Амар Мeциновиќ, портпарол на Левица.
Името на кандидатот за градоначалник ќе го соопштат по Илинден.
Левица во сегашниот состав на Советот на Општина Куманово има еден советник.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk